Press "Enter" to skip to content

Рутинска победа на Еурофарм Пелистер, како тренинг за Спортинг

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 25:16 (15:5)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески 2, Маџовски 1, Велковски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 1, Танкоски 1, Периќ, Костески 8, Кукоски, Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ 1, Табоада 3, Граџан 3.

Тиквеш: Стојаноски, Велков, Гичев, Трајковски, Лазов, Дрогришки 5, Темелковски 1, Стефановиќ 2, Соколов, Гошевски 1, Кондев, Окардов 1, Коцев 1, Симиќ, Јанчев 2, Трпчевски 3.

Еурофарм Пелистер во Битола во рамките на 13. коло од Супер лигата лесно го совлада Тиквеш со 25:16, полуврме 15:5 во натпревар во кој победникот не беше доведен во прашање, а тоа се виде  по 15 минути кога беше 9:3.До 23 минута Тиквеш постигна само 3 гола, а предноста на домашните беше двоцифрена, за на крај на првото полуврема да биде 15:5.

Во вториот дел шанса добија Кизиќ, Танкоски, Кукуловски, но разликата остануваше висока, а во 40. минута беше 21:8, а финалните 25-16 ја отсликуваат разликата во квалитет.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Костески со осум и Мараш со четири погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »