Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична пријава за злоупотреба на службена должност, физички напади, исчезнато лице

Денеска, (03.12.2021) СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 37 лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на Албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротино на Закон за јавни набавки и Закон за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денари.

На 03.12.2021 во СВР Битола, 53-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот син физички ја нападнал неговата сопруга и нивното дете во нивниот дом во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.12.2021 во СВР Битола, 41 годишник од Битола пријавил дека пред казино во Битола, тој и друго лице биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.12.2021 во СВР Битола, Ф.Д.(21) од Битола пријавил дека пред казино во населба Карпош во Битола физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2021 во СВР Битола, С.С. пријавила дека во основно училиште во Битола била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2021 во СВР Битола, А.А. (46) пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко на возраст од 80 години од Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

More from ВестиMore posts in Вести »