Press "Enter" to skip to content

Во Битола 38 нови позитивни на ковид-19, оздравени 99, починато едно лице, активни 553 случаи

Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие регистрирани се 355 новозаразени од направени 3.042 тестирања, од нив од Битола се 38.

Од регистрираните 2.308 оздравени пациенти од Битола се 99.

 Досега во Битола има 8.781 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, активни се 553 случаи.

Од деветте починати лица едно починато лице е од Битола на возраст од 65 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 74 и преку “Плодност“ 32 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи е 6.069.