Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 поразен во Скопје од Бутел

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 29:21 (12:11)

Спортска сала – Бутел, Скопје Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов 

Бутел Скопје: Чаневски 1, Блажевски, Андреески, Младеновски 6, Стојановски, Ѓеорѓиевски 1, Митев, Спасовски, Мојсоски, Спасовски 4, Пуљизович, Јевтиќ 4, Василевски 2, Мајиќ 8, Тот 3, Давитковски.

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Ристевски, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 2, Петровиќ 7, Димитриоски 2, И. Димитровски, Талевски 2, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 4, Ѓукиќ 1, Блажевски, Арсеновски 3.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се поразени во рамките на 13. коло од Супер лигата во Скопје од екипата на Бутел со резултат 29:21, полувреме 12:11.

Уште од стартот на натпреварот екипата на Бутел го имаа водството кое го има до крајот односно до победа. “Бутелци“ клучната разлика ја направија кон средината на вториот дел кога поведоа со пет гола разлика. Од другата страна екипата од Битола  со повеќе грешки  им дозволија на домаќинот да дојде до победа. 

Најпрецизни кај Еурофарм Пелистер 2 Павле Петровиќ со седум гола и со четири Емилијан Ѓорговски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »