Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: ехо на бели дробови кај пациенти кои се позитивни на ковид-19

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо на бели дробови кај пациенти кои се позитивни на ковид-19, за што вели:-Ултасонографското испитување на бели дробови се прави со абдоминална конвексна сонда во 6-региони антериорен, латерален и постериорен. Ехо на бели дробови е индицирано кај градна болка, отежнато дишење, хипотензија, шокови состојби, хипоксија итн .                

Со ултрасонографија на бели дробови можи да се дијагностицира постоење на:

1.Ателектази -колабиран бел дроб кои можат да се вродени и секундарни по торакални операции, повреди на граден кош, тумори, обструкции од туѓи тела на бронхите со знак на “Медуза“ најчесто кај големи плеврални изливи.                                                  

2. Постоење на насобирање на течност во плевралниот простор -плеврална ефузија која најчесто се прикажува на ехо анехогено во случаи на трансудат кога  причината за нејзино настанување се срцева слабост, цироза на црн дроб или нефротски синдром како и ексудативен плеврален излив кога во анехогеноста има и хиперехогени формации причина за настанување се тумори, пневмонија, ТБВ итн.      

                                                                  

3. Консолидација на белодробниот паренхим (пневмонии, АРСД) клучна улога има појавата на Б-линии вертикални хиперехогени кои се патолошки доколку се 3 или повеќе помеѓу двете анехогени ребра на ехо на бели дробови, како и формата и подвижноста на плевралната линија која е со ирегуларна форма при потешки облици на пневмонија кога има појава на хепатизација на белиот дроб и присуство на воздушен бронхограм!                    

4.Појавата на двострани дифузни конфлуирачки Б линии билатерлно е доказ за постоечки АРСД, белодробен едем.

Во однос на ковид-19 досега нетипично за сите респираторни вируси меѓу кои и вирусот на грипот -Infuenza e присуството на зголемен број на тромбоцити во  крвта наречено тромбоцитопенија како и зголемен ризик  од тромбофлебит, пулмонален тромбоемболизам и ДИК -дисеминирана интраваскуларна коагулопатија.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓаме на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос, вели д-р Васил Чипуровски. 

Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18

More from СоветиMore posts in Совети »