Press "Enter" to skip to content

Пораз на одбојкарките од далеку поискусната екипа на Работнички (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Работнички Скопје 0:3

(11:25; 15:25; 17:25)

Екипата на Пелистер Волеј во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ е поразена од Работнички од Скопје, кои дојдоа во Битола со епитетот фаворите и тоа го докажаа во текот на целиот натпревар. Младата екипа на Пелистер Волеј, одигра натпревар во кој само го билдаа своето искуство и самодоверба кои им недостасуваат.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, на крајот на натпреварот им ја честита победата на гостите и кратко рече:-Сосема заслужена победа на гостинската екипа, која и пред почетокот на натпреварот беше апсолутен фаворит. Малку поинтересен втор сет во кој на моменти се покажа желба и жар за игра.Во денешниот пораз поените ги освоија Ева Трпеновска 6, Стефани Најдановска 6, Меланија Каралиоска 5, Ивана Белокозовска 3, Сандра Дамчева 2, Анастасија Ристевска 1, Ана Ивановиќ 1 и Михаела Цветановска 1.

More from СпортMore posts in Спорт »