Press "Enter" to skip to content

Се асфалтира улицата “Даме Груев“ во Јени Маале

Во Општина Битола, во тек е реализацијата на проектот „Рехабилитација на улицата “Даме Груев“ во населбата Јени Маале во Битола, во должина од 763,68 метри со вредност од 4.232.000 денари.

Улицата се асфалтира на потегот од Сали Мостот, до улица “Железничка“.

Целосното асфалтирање предвидено е да биде завршено викендов.