Press "Enter" to skip to content

142 коша на Пелистер против Ангели, 9 од 9 победи за лидер на табелата

Ангели  – Пелистер 88:142

Екипата на Пелистер од Битола продолжува со победите во Првата лига, а со денешната победа над Ангели останува лидер на табелата со макдималем број на бодови, освоени на 9 натпреват кои ги заврши до 9 победи, а на последната постигнаа 142 поени. Од друга страна екипата на Ангели нема запишано годинашна победа.

Екипата на Пелистер одигра со одлична реализација во нападот, а првата четвртина заврпи со резултат 26:36, за на одмот по завршувањето на втората четвртина се отиде со 44:69.

И во вториот дел на натпреварот “пелистерци“ одиграа квалитетено, а третата четвртина беше со резултат 26:37, а на крај по 18:36 во четвртата четвртина, натпреварот заврши со 88:142.

Никола Малешевиќ беше најефикасен кај битолчани со 33 поени, пред Игор Кесар кој реализира 25 поени во натпревар со неверојатни 10/10 од игра.

Фото: гол.мк

More from СпортMore posts in Спорт »