Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повреден малолетник и уште 4 лица од Битола во тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 57 годишник од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од 45 од село Подмочани, ресенско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште тројца сопатници од возилото на возраст од 51, 19 и 59, сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.