Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: со изложба и песна на планинарите одбележани 63 години национален парк “Пелистер“ (фото)

Пред 10 години, во 2011 година, беа одбележани 63 години од прогласувањето на Пелистер за Национален парк, а за оваа прослава која се одржа во “Вилата на Лазо“ или како сега се вика Информативен центар, имам забележано во мојата хрологија за Битола,  дека се прослави со изложба на фотографии, а потоа следуваше песна на планинарите, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Националната установа Национален парк “Пелистер“ од Битола ја одбележа 63-годишнината од прогласувањето на планината Баба со врвот Пелистер за Национален парк со изложба на фотографии од голем број на фотографи, вљубеници и редовни посетители кои низ годините ги овековечиле убавините на Пелистер. -Убавините на Пелистер се немерливи. Прекрасни предели, молика и над 200 видови растенија, цвеќиња и други реткости. Посебен впечаток во паркот оставаат камените реки, и најразлични патеки кои се вечна инспирација за планинарите, фоторепортерите и секој
љубител на природата, беше истакнато на прославата.Националниот парк “Пелистер“ е на површина од 12.500 хектари и е прво заштитено природно богатство во Македонија.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »