Press "Enter" to skip to content

Контрола на полициски службеници инспектори од ДПИ и УЈП, откриени 4 лица без сертификат и 1 со лажен

Денеска (05.12.2021) во периодот од 00.30 часот до 02.00 часот, на подрачјето на Полициска станица Битола, спроведена е заедничка акциска контрола на полициски службеници во содејство со инспектори од ДПИ и УЈП во угостителски објекти во Битола каде се затекнати 4 лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат за што се изречени соодветни санкции.

При контролата регистрирани се и  други неправилности од страна на УЈП и ДПИ за што се изречени соодветни мерки.