Press "Enter" to skip to content

Промоција на филмот “Куќата Гучи“ во Битола како и во светските градови, црвен тепих, гужва, фотографирање, бајадери, филм… (фотогалерија)

Промоцијата на филмот за семејството Гучи со наслов “Куќата Гучи“ кој имаше премиера вечерва во Центарот за култура во Битола, привлече околу 500 битолчанки и ретки битолчани кои на влезот во киното имаа пријатно изненадување и на момент се почувстуваа како на премиера во големите светски градови и филмски центри.Дел од организаторите на оваа модерна филмска промоција, Весна Станковски, од познатиот бутил за женска облека “Ермитаж“ за оваа промоција рече:-Сакам пред се да им се заблагодарам на битолчани кои ја испочитуваа мојата желба и од овој настан, сите заедно, да испратиме една порака, како битолчани со традиција и чувство за естетика, мода и префинетост. Сакавме барам на кратко да го вратиме оној сјај на Битола кој на сите ни недостига, на најголем број на битолчани, посебно на битолчанки. Кога е во прашање модата да докажеме дека Битола се уште е центар не само на модата туку и на културата, уметноста, била и ќе биде. Со овој настан сакавме да ја прикажеме вистинската слика за битолчани и за Битола и дека Битола свети и покрај се.Поголемиот број на жени на премиерата Весна го искоментира:-Публиката сама ги кажа кој е повеќе по модата во Битола. Сметам дека можеби во Битола повеќе тенденција по модата има кај жените отколку кај мажите, но то не значи дека битолчани не се препознатливи по својот стил, а за идејата за ваков настан во Битола додаде:-Идејата ја имам веќе подолго време заради тоа што сите сме во депресија од економско-финансиски причини и посебно поради пандемијата. Сметавме дека Битола како да е во сенка и сакавме да го покажеме вистинското светло дека Битола се уште е истата Битола од порано, град на клавири, мода, конзулати, а сето тоа било од Европа донесено тука. Традијата продолжува и понатаму, а битолчанки се и ќе бидат препознани насекаде по своите манири за естетика, мода, култура, со посебни афинитети кон уметноста.Весна е изненадена од посетата, и како вели искрено не очекувале толку љубители на вакви настани.-Ова е порака дека сакаме да живееме во модерен стил, да бидеме град како и порано, како и пред 100 години рамни на Солун и други европски градови, да биде центар каде ќе се прават конзулски балови, изложби, светски премиери… Сите сме желни за вакви настани, ова беше предизвик за нас кој се покажа успешен, а сега не знаеме како понатаму. Се надевам дека ќе има уште вакви настани кои ќе го привлечат вниманието на битолчанки, а секако и на битолчани.И публиката беше изненадена, во недела на вечер да има ваков настан, а Наташа Грамосли вели:-Многу убав настан кој ги поздравив од самата идеја и тука сум вечерва. Сакам да има повеќе вакви настани, да се дружиме заедно по некој повод кој сите ќе се расположи, ќе ни се врати насмевката, или наједноставно да гледаме убав филм со друга тема, за мода и да уживаме во овие 2 и пол часови, да се почувствуваме како на светска промоција.Инаку, светската премиерата на филмот за модната империјата “Гучи“ беше на 24 ноември.  “House of Gucci“ или “Куќата на Гучи“ е сензационалистичка приказна заснована на вистински факти, за модната династија “Гучи“, го прикажува убиството на Маурицио Гучи (Драјвер) и пропаста на познатата модна династија. “House of Gucci“ е напишана од Роберто Бентивења, базирана на романот на Сара Геј Форден, во режија на Ридли Скот и главни ликови Лејди Гага, Адам Драјвер, Ал Пачино, Џереми Ајронс, Џаред Лето…

Тескт и фото: Сашо Ристевски

More from ЗабаваMore posts in Забава »