Press "Enter" to skip to content

абоада: делуваме како комплетна екипа и верувам дека ќе освоиме два бода во Битола

Еурофарм Пелистер утре во Битола го очекува шестиот натпревар од “Д“ групата од   Европската лига на ЕХФ, против Спортинг, со кои играа пред една седмица и одиграа реми. Во пресрет на дуелот екипата се подготвува, а Реиние Табоада, по аклиматизацијата во Битола игра во одлична форма и е меѓу најдобрите во битолскиот тим.

-По првиот натпревар, на кој не бевме склопени и беше почеток на сезоната, сега сме многу подобри и во одбрана и во напад. Делуваме како комплетна екипа. Спортинг е тактички добар тим, имаат одличен тренер и добри индивидуалци. Напорно и детално се подготвуваме за овој втор натпревар и верувам дека ќе освоиме два бода во Битола. Кога дојдов ми требаше адаптација на новата средина, тука е и бариерата со јазикот. Сега е полесно. По првите два месеци на прилагодување, сега сите детали се одлични. Соиграчите и тренерот ми помагаат, се чувствувам одлично и едвај ги чекам европските натпревари, изјави Табоада. 

More from СпортMore posts in Спорт »