Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно со врнежи од дожд, од утре значајно заладување

Денес, понделник, 12 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хисромететеоролошки работи времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, можно е да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен. Температурата во Битола до 12 степени.

Утре, вторник, 13 декември времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 5 степени.