Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 8.
Регистрирани сe 393 оздравени пациенти од Битола се 37.
Во Битола до сега има 8.823 лица позитивни на ковид-19, а активни се 521 случај.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 69 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.