Press "Enter" to skip to content

Побена на ракометарките на Феникс АМС во Скопје (фото)

Кузман Вардар – Феникс АМС 28:31 (16:15)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. 

Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска од Скопје. 

Кузман Вардар: Ивановска, Буразер, Симоновска, Насковска, Ѓорѓиева 13, Додевска 5, Кириловска 1, Милевска, Ј. Ангеловска 3, Јовевска 4, А. Ангеловска 2, Стојановска, Атанасова, Петковска, СтојчевскаФеникс АМС: Богоеска 1, Рујановска 3, Пашиќ 1, Лазаревска 3, Шиниковска 1, Талева 7, Корлевска 5, Илиевска 9, Анчевска 1, Стојановска.Екипата на Феникс АМС од Битола во рамките на 11. коло од женската лига ја победија екипата на Кузман Вардар во Скопје со резултат 31:28, полувреме 16:15, во натпревар во кој на двете екипи им припадна по едно полувреме, а за среќа на битолчанките им припадна второто.На стартот домашната екипа започна подобри, а имаа и водство од 11:7. До крајот на поилувремето екипата на Феникс тоа водство на домашните од +4 го сведе на само едел гол негатива, с о 16:15 отидоа на одмор.Она што ракометарките од Битола го најавија на крајот од првото полувреме го продолжија во второто полувреме кога ја презедоа игратат во своја контрола. Прво израмнија, а потоа дојдоа и до водство од +3, 21:18, а потоа и 24:21. Ракометарките на феникс се стабилизираа и ја одржуваа предноста од три гола, а и така го завршија натпреварот.Најефикасни кај Феникс АМС беше Илиевска со 9 постигнати гола, а следуваат Талева со 7, и Корлевска со 5. Треба да се напомене и тоа дека Феникс АМС играше без репрезентативката Ризоска.

More from СпортMore posts in Спорт »