Press "Enter" to skip to content

Промовирани нови 35 доктори на науки на УКЛО (фото)

Денес во анфитеатарот на Факултетот за информатички комуникациски технологии во Битола се одржи свечена промоција на доктори на науки, кои своите докторки студии ги завршија на некој од факултетите кои работат во рамките на битолскиот универзитет “Св. Климент Охридски“.Пред академскиот аудиториум, пред ректорот проф. д-р Сашо Коруновски, пред проректорите, деканите, менторите и други, беа промовирани новите 35 доктори на наука кои треба да дадат голем придонес во развојот на битолскиот универзитет.На промоцијата на новите доктори на наука на УКЛО зборуваа нивните ментори, кои побараа од Ректорот да им бидат доделени титулите доктори на наука, а беа образложени нивните завршни докторски испити.На промоцијата покрај ректорот проф. д-р Коруновски беа и проректорите проф. д-р Игор Неделковски и проф. д-р Љупче Кочевски, претседателот на Сенатот проф. д-р Пеце Николовски, деканите на дел на членките на УКЛО.Поради пандемијата бројот на присутни беше ограничен.