Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец, пожар на “Илинденска“, сообраќајни контроли

На 05.12.2021 во 01.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2021 во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Илинденска“, сопственост на М.П. (64) од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 05.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 77 мерки од кои 58 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 19 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.