Press "Enter" to skip to content

Во Битола 28 нови позитивни, оздравени 43, активни 506 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 28.

Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од Битола се 43.

До сега во Битола 8.851 лица позитивни на ковид-19, а активни се 506.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 97 и преку “Плодност“ 32 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.488.688 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

More from ВестиMore posts in Вести »