На 07.12.2021 во СВР Битола, 63-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот малолетен внук физички ја нападнал во нејзиниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.12.2021 на ул.„Климент Охридски” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Битола лишиле од слобода 33 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени едно пакување со прашкаста материја, повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја и денари во различни апоени. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.12.2021 во СВР Битола, жена од Битола пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.12.2021 во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека во домот, нејзиниот син физички го нападнал неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 9 мерки од кои 8 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 1 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.