Press "Enter" to skip to content

Со обраќање на Ректорот и прогласување на најдобрите студенти завршија чествувањата за Патронот на УКЛО – Битола (фотогалерија)

Денес на Факултетот за информатички и комуникациски технологии  – Битола, со обраќање на Ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и со доделување на дипломите на јдобрите студенти на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола.Достоинственото одбележување на Патронатот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола е заокружено со обраќање на Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски кој истакна дека како што стои во житието на патронот Св. Климент дека тој образовал 3.500 илјади ученици ние денес ќе вброиме уште една плејада, од вкупно 38.000 ученици на овој Свети Климентов универзитет, за што сме посебно горди.-Чествувањето на патронот е начин да се направи ретроспектива на годината што изминува, а за жал таа повторно го има епитетот пандемска година. Во таква нова реалност успешно резлизиравме меѓународна конференција за улогата на високото образование во развој на општевството која беше организирана на хибриден начин, а на неа имаше голем број на учесници, 60 излагачи кои зборуваа на темата. Исто така ја одржавме и првата годишна студенстската конференција на студенти од трет цикус насрудии, со презентација на нивните докторски трудови. УКЛО успешно се вклучи во одбележување на денот на науката, каде беа нотирани достигнувањата на академските кадри, а се повеќе се стави акцент на истражувањето на студентите, кои креираа мрежа на студенти истражувачи, рече Коруновски, кој нагласи дека годинава е избрани и нови претставници на студентите во органите на Универзитетот, а избран и е нов претседател на Советот.-УКЛО има одличен извештај од држевниот ревизор, а ние имаме највисока оценка без никакви забелешки за професионално и транспарентно работење, што во изминатата деценија не е дадано на ниту една установа на ниво на држава, што секако е испех за нашиот Универзитет. Ова ќе биде јавно објавено, а тоа е улогата на еден Универзитет да каже и покаже како треба да се работи, рече Коруновски.-Празникот е да се осврнеме и на улогата на УКЛО во поголемото општетсвено влијание. Ние сме сведоци на поголемо влијание на Унивезитетот во време на динамични промени да го најдеме одговорот на вистинските барања на општеството во кое живееме и барањата на младите генерации. Во тој дух одговор на УКЛО започнува од личната, индивидуалната одговорнот на секој од нас, како наставник пред се. Функциите се менливи, но она што го носиме во нас е тоа што сме наставници, учители, како овој кој што не основал, со неговата идеја, кој знаел дека кон крајот на 9. век дека образованието е темелот на едно општествоо, а кога имате образование никој не може да не поништи. Местото на науката е на врвот, а ние мораме да веруваме само на науката, а ние како раководтсво на УКЛО за тоа што не очекуваме сме целосно подготвени, заврши Коруновски.Свечениот дел продолжи со доделување парични награди и пофалници за најдобро дипломираните студенти. Најдобри студенти се: Мартина Стефановска – ветеринарен факултет, Марија Стојановска- технички факултет, Ѓурѓина Ристевска – туризам и угостителсво, Марија Петревска – ФИКТ, Бјанка Цилева – висока медицинска, Михаела Лазароска – биотехнички факултет, Александар Стојановиќ – факултет за безбедност, Бојан Петровски – праван факултет, Нашата Присаѓанец – правен факултет, Јана Пашовска – педагошки факултет, Венера Плушкоска – екомонски факултет. Од име на најдобрите пред присутните се обрати дипломираната студентка, Венера Плушкоска од екомонски факултет која студиите ги заврши до просечна оценка 10.