Press "Enter" to skip to content

Бабиќ и Марковски задоволни од победата над Спортинг во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер синоќа продолжи со одличните резултати во “Д“ групата на Европската лига, победувајќи ги во “Боро Чурлевски“ Спортинг со 31.25, во натпревр во кој имаа одлично второ полувреме, кога не му дозволија на противникот ниту да има надеж за нешто повеќе од пораз.

На официјалната прес конференција по завршувањето на натпреварот зборуваше тренерот Жељко Бабиќ не го криеше задоволството од одиграното и од резултатот и им честита на играчите за постигнатиот успех против португалскиот ривал и рече:-Сакам да им ги честитам празниците на гостите од тоа е секако пред ракометот. Што се однесува до дуелот против Спортинг, морам да кажам дека сум горд на моите ракометари и на начинот на кој тие играа. Играта во одбрана во вториот дел беше одлична и покажавме дека сме вистинска екипа со оваа серија од пет натпревари без пораз во Европа, изјави Бабиќ.

Мартин Велковски има се поголема минутажа и продолжи со добрите игри, а на пресот рече:-Спортинг одигра два одлични натпревари, беше тешко да се игра против нивната агресивна одбрана. Имавме со нив проблеми и во Лисабон, но знаеме каков пат ги чекаше нив дотука. Доста е густ распоредот и за нас и за нив. Во вториот дел противникот падна физички, а ние имавме неверојатна публика која ни даваше енергија да го направиме овој голем успех.

More from СпортMore posts in Спорт »