Press "Enter" to skip to content

“Боро Чурлевски“ како “Младост“ на времето, распродаден, гужва на врата, навивање, навивачки песни, победа, радост… (мега фотогалерија)

Оваа генерација на ракометари кои играат во Битола, она што само го слушале за Битола, за ракометната атмосфера во Битола, имаа прилика и чест според она што го покажаа и  го покажуваат на терен и да го почуствуваат.Приказните кои се прераскажуваат за не така дамнешно време пред дваесетина и повеќе години, за незаборавна атмосфера и на која се присеќаваат на само битолчани, туку и сите кои играле во Битола, се остварија синоќа. А дека синоќа ќе биде незаборавна атмосфера уште во текот на денот кога од Еурофарм Пелистер соопштија дека влезните се распродадени, а на нивните телефони се појавија и можеби стотина повици и пораки за да набави влезница плус, а тој притисок за влезница го имавме и ние новинарите, кои не прашуваат како да се дојде до влезница.Потоа се продолжи со старата практика, “Чкембарите“ со собирање на “бутки“, а останатите мораа да чекаат по околу половина час да влезат во салата, а гужвата на втарите на салата беше буквално до самиот почеток на натпреварот, а со право некои повозрасни во шега рекоа дека вака било во салата “Младост“ порано.Оние битолчани кои имаа среќа да бидат во “Боро Чурлевски“ доживеаја ракометна атмосфера за паметење, а публиката во Битола, беше дел од победата над Спортинг. Повозрасните кои беа во салата само се потсетија на некои убави ракометни денови, кои со прави им недостасуваа, а оние помладите само потврдија дека ракометна историја продолжува во Битола, а ова беша само дел од она што не очекува.Дека публиката е препознатлив бренд на Битола, а атмосферата во Битола не им оди во прилог на гостите, покажаа и ракометарот на Спортинг кој на официјалната прес конференција дека им укажал на своите колеги дека нема да биде лесно во Битола, а нивниот тренер рече дека ова не е амбиент како во Лисабон.Бодрењето на ракометарите не престан ни во моментите кога на ракомерите на Еурофарм Пелистер не им одеше, а секако им беше во прилог за враќањето во игра и доаѓање до победата.На крајот ракометарите сигурно полни со нови сознанија ги испочитуваа сите навивачи, останаа половина час во салата со навивачите, заедно се рабуваа, а направија и круг во салата и се поздравија и си ја честитаа победата со најверите кои останаа со нив во салата дај слават победата, што за прв пат се случува кај нас.Потоа следуваше доаѓањето кај “Чкембарите“ каде се најдоа на трибините, а Периќ, Граџан и Божиќ-Павлетиќ беа дел од нив, навиваа со нов и почусвтуваа како е да се гледа теренот од нивниот агол, каде се неприкосновени, а на овој натпревар и крајно коректни.По прославата во навивачите прославата продолжи во соблекувалната, каде претседателот на клубот Зоран Стерјев и ја честиташе одличната игра и победата и помнувањето на групната фаза. Битолчани покажаа како го сакаат спортот, како со голем жар навиваат, а посебно беше уживање што најголем дел беа во дресови на клубот за кој навиваат, а во фан-зоната купуваа и се одлекуваа, а повикот е сите во салата да бидат во дресови.Фан зоната по прв пат се организира во потприбинскиот простор е нов момент во кој уживаа битолчани на поинаков начин, а дел од оние кои не се “на бутки“ тука можат да се напијат пиво или сок, и да купат дрес на клубот.Честитијќи со ја победата битолчани си посакаа само едно со зборовите “ај уште Вардар“, а тоа ќе биде следната седмица, а тоа е повод за нов ракометен предизвик и нова ракометна атмосфера, но под еден услов, да се набави влезница, а тоа ќе биде тешко, бидејќи кога ќе се објави продажбата на интернет, битолчани рекоа за прв пат ќе падни системот за продажба на влезници во Македонија.

Текст и фото: С.Ристевски