Press "Enter" to skip to content

Во Битола наутро студено, преку денот претежно сончево

Денес, среда, 8 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 7 степени.

Утре, четврток, 9 декември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Од попладневните часови и ноќта врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен југоисточен ветер.

More from ВестиMore posts in Вести »