Press "Enter" to skip to content

КЈП “Водовод“ водата на потегот кај Раштани не е пиење поради злоупотреба на водоводниот систем

По направени неколку контроли од стручните служби на КЈП “Водовод“ од Битола, установено е дека водата на потегот Раштани кај Горно Оризари е со не задоволителни параметри за пиење.

Ова се должи на злоупотреба на водоводниот систем и мешање на истиот со стрежевска вода од поединци.

Екипите за контрола се излезени на терен од двете претпријатија “Водовод“ и “Стрежево“.

Се и формираат жителите од потегот Раштани да не ја пијат водата се до откривање на сторителите за што ќе бидат дополнително известени.

More from ВестиMore posts in Вести »