Press "Enter" to skip to content

Вакцинирање против ковид-19 ќе продолжи во амбулантата на ОУ “Даме Груев“

Наместо во вакциналниот пункт лоциран во спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“-Битола вакцинирањето ќе продолжи во  амбуланта на основното училиште „Даме Груев“ во Битола.

Спортската сала на средното медицинско училиште повторно ќе биде во функција на наставниот процес на средношколците, додека пак вакцинирањето против ковид и сезонскиот грип од утре и секој ден во терминот од 8 до 20 часот ќе се врши во училишната амбуланта во месноста Јени Маале.

Според епидемиолошките анализи во моментов во Битола активни се 506 случаи на заболени лица од ковид, а од почетокот на пандемијата вкупно регистрирани се 8.851 лице. Како што е познато, тестирање за проверка од инфекција со КОВИД се врши во Центар за јавно здравје-Битола и болницата „Плодност“ во овој град.