Press "Enter" to skip to content

Пелистер останува на дното без победа, поразен под Тумбекафе од Борец

Пелистер – Борец 1:3 (1:1)

И по 16. кола екипата на Пелистер останува без победа и со тоа на последното место на табелата, а денес се поразени во Битола од екипата на Борец со 1:3, полувреме 1:1.

“Пелистерци“ уште во првата минута имаа шанса за водство по досудениот пенал по фаулот над Маневски, кој потоа биеше над голот на велешани. Потоа бележиме уште две шанси на Пелистер преку Размоски. Борец дојде во водство од 0:1 со голот на Ѓоргиев во 23. минута. Само по една минута Пелистер израмни со голот на Размоски. Во судиското надополнување “пелистерци“ бараа уште еден пенал заради игра со рака на Ѓорѓиески.

Во второто полувреме “пелистерци“ имаа иницијатива, но во 59 минута Ѓорѓевиќ погоди за водство на Борец 1:2. Ѓорѓиев, погоди за  1:3, со што ги освоија бодовите во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »