Press "Enter" to skip to content

Со низа активности ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола го одбележа патрониот празник (фото)

Сигурна сум дека големот просветител, учител и педагог Св. Климент Охридски би се гордеел со денешните учители кои храбро се соочуваат со стравот,  предизвиците, пренесување знаења, воспитување во услови на пандемија и т.н.  „ново нормално“ кое сигурно не е нормално. ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола е училиште кое го носи  името на големиот  просветител, учител, педагог  го одбележува својот патрон на 8 ми декември. Голем број ученици и генерации учеле и го завршиле  своето основно  образование во ова училиште кое опфаќа голем реон од нашиот град.  Со пандемијата патрониот празник  се одбележува со почитување на  строги протоколи и мерки на заштита и сепак ограничено. Поразговаравме со Гордана Анастасова директор на училиштето за чествувањето на патрониот празник   оваа година под мото  „Учителот“.Прослава и одбележување на  патрониот празник во услови на строги, протоколи мерки, но оваа година со ученици кои доаѓаат на училиште со физичко присуство. Кажете како се организиравте и повеќе околу ова?-По повод патронот се реализираа многу активности, но се беше организирано со почитување и запазување на сите мерки на заштита од корона вирусот. Сите активности за поголема организираност беа реализирани на ниво на стручните активи во нашето училиште. Во нив учество зедоа голем број наставници и ученицци од прво до деветто одделение.  Се организираа   ликовни работилници, рецитаторски, балетски, спортски натпревари под мото „Учителот“ Учителт од аспект на историја, математика, странски јазици.   Исто се направи и презентација на Нашиот Чиско, завршен проект од Фондот за иновации и тоа пд активот по биологија и физика. А продолжи и соработката со ОО Григор Прличев  од Охрид каде  он лајн е реализираа заеднички  активности на  активните на петто одделние  двете училишта.На крај имавме и  кратка приредба каде учество зедоа хорот и оркестарот, а беа доделени дипломите на учениците кои беа наградени и пофалени од  литературниот и ликовниот конкурс. На настанот присуствуваа  гости од збратименото училиште и гости од Еразмус плус   проектот од Шпанија и Бугарија.    „Учителот “ едноставно, но силно мото на патрониот празник оваа година на ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола ваше мислење за предизвиците на учителот денес во услови на пандемија, он лајн настава, дигитализација, без книжен дневник,   обележје на наставникот кога влегува во училница…-Повторното враќање во училишните клупи на нашите ученици, можаби беше најдоброто нешто што ни се случи оваа година после долг период он лајн настава. Денес учителот и книгата повторно ги живеат новите предизвици сега  соочени со стравот од  новото утре секако тука се дигитализацијата, он лајн наставата, но уште повеќе мотивирани да продолжат позитивно да влијаат на учениците,  правилно насочувајќи ги кон сите современи сфери и аспекти. Учителот е таа водечка светлина кој им подобро да се запознаат себеси, да веруваат во радоста и креативноста што им ја носи секој ден исполнет со бескрајната низа од зборови преточени во книгата на животот. Денес да се биде учител е можеби најубавата за мене, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност кон младата личност, кон нејзините потреби за знаења, вештини, мотивации. а за да го направи тоа учителот треба да поседува врховна уметност зашто само на тој начин ќе ја разбуди радоста во детските очи.За крај порака од Вас…-Да се биде директор на едно училиште е повеќе од предизвик, особено денес во услови на пандемија и многу новини кои се случија во последните години, живеејќи во услови на т.н „ново нормално“, кое сигурно не е нормално. Тимот со кој сум опкружена, е посветен на секојдневните предизвици кои доажаат со новата реалност.  Преку најразлични проекти  сите заедно ги покажуваме и докажуваме знаењата на нашите ученици, во кои како колектив вложуваме многу.Среќни сме што и во оваа ветрометина  секојдневните предизвици успешно ги совладуваме и гордо чекориме по патот на успехот, поцврсти и  посплотени од било кога. Тоа е нашата формула за успех зашто кога учителот ќе го ,,допре срцето”  на својот ученик,  резултатот е само напредок. Во таа насока прекрасните насмевки, пораките, цртежите, гушкањето кое многу ни недостасува, а ќе биде и тоа, се доказ дека учителот успешно ја води својата мисија.

Жанета Ристевска