Press "Enter" to skip to content

Божиќен и предновогодишен концерт во организација на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ”, во соработка со Центарот за култура, Битола, организира Божиќен и предновогодишен концерт, на кој ќе настапат далматинската женска клапа “Виоле“ и женскиот вокален состав “Градац“. Како дел од настанот ќе биде и промоцијата на збирката на песни на писателот и академик Зоран Пејковски, преведена на хрватски, “Дах смртти“.

Клапата “Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор Градац од истоименото место во близина на Макарска, преку изведбата на повеќе композиции ќе презентираат дел од хрватската традиција и култура во Битола. Женскиот хор “Градац“ е основан во 2007 та година . Репертоарот им е составен од класични композиции, духовни и световни од сите музички периоди, со посебен акцент на хрватската изворна музика и домашните композитори, односно далматинските народни и концертни песни како и обработките на песни на познатите хрватски композитори.

МХД и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, секоја година традиционално го одбележуваат Божиќ, со гостување на ансамбли и групи, од градови од Хрватска или места на балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија.