Press "Enter" to skip to content

Во Битола роменливо облачно, претпладне со сончеви периоди, попладне дожд

Денес, четврток, 9 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе  биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе започнат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 9 степени.

Утре, петок, 10 декември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 9 степени.