Press "Enter" to skip to content

Денес и утре 15% попуст за доброволно приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер

СН Осигурителен Брокер во рамките на промотивна кампања за доброволно приватно здравствено осигурување овозможува 15 отсто попуст. 

Попустот важи за секоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување купена на 9 или 10 декември. 

Редовната цена на пакетот SN Eurohealth за доброволно приватно здравствено осигурување изнесува 515 денари месечно. 

Истиот овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи, при што се опфатени: 

– Специјалистички прегледи 

– Основни дијагностички мерења и снимања 

– Лабораториски анализи и испитувања 

– Амбулантски интервенции 

– Амбулантска рехабилитација 

– Комплексни дијагностички постапки 

– Трошоци за лекови 

– Дневна болница и дневна хирургија 

– Дел од операции 

– Дел од стоматолошки интервенции. 

За оваа промотивна понуда клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на СН Осигурителен Брокер: www.snbroker.mk или преку контакт-центарот на телефонскиот број: 15 770.