Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата „Љубомир Трифуновски : персонална библиографија“

Во рамките на програмата по повод патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола се одржа промоцијата на книгата „Љубомир Трифуновски : персонална библиографија“.

На овој настан воведен збор зеде директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој  на маестро Љубомир Трифуновски му посака уште многу успеси во неговата работа, многу здравје и понатамошна соработка.

За оваа книга промотор беше етнокореологот Љупка Стефановска, која накратко зборуваше за животот и делото на професорот маестро Љубомир Трифуновски, а од составувачите на оваа книга библиотекарите советници: Гордана Пешевски, Ленче Андоновска и Јоланда Бошевска, за начинот на подготовка на книгата зборуваше Гордана Пешевска-библиотекар советник.