Press "Enter" to skip to content

Традиционално полагање за појаси во џудо клубот Пелистер

Најмладите членови на џудо клубот Пелистер од Битола деновиве имаа можност пред комисијата за доделување на појаси да покажат колку и што имаат научено во претходниот период од тренерите и да ги добијат своите први појаси.-Ова е традиционално полагање за појаси на кое се појавија 4о-тина, пред се млади џудисти за кои можам да кажам дека потпоплно ги имаат совладано техниките и знаењето потребно за добивање на појас. Сите кои се појавија покажаа знаење кое комисијата го вреднување, а потоа ги добија појасите, рече Ѓуро Илиќ, претседател на комисијата за доделување појаси при џудо федерацијата.

More from СпортMore posts in Спорт »