Press "Enter" to skip to content

УКЛО организираше Е-форум “Универзитет без корупција“

По повод 9 ти Декемеври Меѓународниот ден на борба против корупцијата и одбележувањето на патрониот празник, Универзитетот “Св. КлиментОхридски“ – Битола како потписник на Декларацијата на сите државни Универзитети, организираше Е-Форум на тема “Универзитет без корупција“, кој што имаше за цел зајакнување на јавната свест за спречување накорупцијата во високото образование преку засилување на капацитетите на универзитетите и студентски тела на УКЛО за имплементирање на Законот за заштита на укажувачите.

На форумот говореа ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Сашо Коруновски, проректорот на Универзитетот проф. д-р Марјан Ѓуровски, овластеното лице на УКЛО за прием на пријави за корупција проф. д-р Валентина Гулевска, членот на Државната комисија за борба против корупција и судир на интереси на РСМ Горан Трпеноски и в.д. Студентскиот правобранител на УКЛО Емилија Баткоска. Форумот го модерираше и учество во него зеде и проф. д-р. Ице Илијевски, продекан на Правниот факултет – Кичево.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е насочен кон зголемување на свеста за обврските за примена на Законот за заштитана укажувачите во системот на високо образование како и засилување на капацитетите на управата, администрацијата и студентските организации за борба против корупцијата и судир на интересите е заклучокот од дискусијата.

Охраберете се! Пријавете корупција, корупцијата не се исплати, беше генералната порака од одржаниот форум на УКЛО.