Сопствени средства ЈП “Стрежево” – Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел – реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работиме за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство.-Во тек е реализација на проект за рехабилитација на главен цевковод СР 11 ( Бистрица – Егри) замена на дотраени цевки фи – 500 mm со нови дуктилни цевки фи – 600 mm на траса од 600м во атарот на село Егри. Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот “Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост, вели директорот Менде Граматковски.

ХС “Стрежево“ со инвестиција од 13.000.000 денари во деталната цевководната мрежа
More from ВестиMore posts in Вести »
- Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)
- Урош Борзаш пред утрешниот натпревар со Кил: Кил е секогаш Кил, не беше лесно по двата порази од Вардар
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
- Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Библиотеката
- Паоло Карнера, кинематограферот на филмот „Носталгија“: кинематограферите од соништата прават филмски материјал