Press "Enter" to skip to content

Во Битола 30 нови позитивни на ковид-19, оздравени 37, починати 3 лица, активни 484 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19, од нив од Битола се 30.

Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од Битола се 37.

До сега во Битола има 8.913 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 484 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, три починати лица се од Битола на возраст од 70, 74 и 84 години во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 63 и “Плодност“ 49 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.