Press "Enter" to skip to content

И Гостивар претрпе тежок пораз во Битола, Пелистер 10 од 10 за лидер на табелата

Пелистер – Гостивар 101:76

Со максимални десет победи во исто толку одиграни натпревари кошаркарите на Пелистер продолжуваат во Првата кошаркарска лига со максимален учинок, иако игра без повредените Трајковски и Ѓуровски. Со оваа победа во Битола, во салата “Боро Чурлевски“, остануваат на првото место на табелата со максимален учинок, или како популарно се вели 10 од 1о.

Поради настапите во Сараево во новиот балон од АБА2 лигата натпреварот се одигра синоќа, а екипата на Гостивар не најде решение, а тоа се виде уште од почетокот на натпреварот која се покажа и како решавачка.  За само десет минути, „зелено-белите“ направија неверојатни 35:9, разлика која се покажа како недостижна.

Посебно расположен за игра беше Игор Кесар, кој за 30. минути во игра реализираше исто толку поени. Но посебно добра соработка имаше со искусниот Караџовски, потоа и Малешевиќ.

More from СпортMore posts in Спорт »