Press "Enter" to skip to content

Објавен поетски ученички зборник “Еднакви“

“Еднакви“ е насловот на новиот поетскиот ученички Зборник во кој се објавени педесетина песни од ученици од основните и средните училишта во Битола. Приредувач на поетскиот Зборник е м-р Мирјана Стојановска, професор по македонски јазик, лектор Марина Геческа-Василевска, а уредувањето и дизајнот на корица е на Весна Мундишевска- Велјановска. Издавач е Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола кои го објавија Зборникот со финансиска поддршка на општина Битола.

Зборникот „Еднакви“ содржи педесетина песни од ученици од  ООУ „Св.Климент Охридски“ и „Елпида Караманди“ како и од средното техничко училиште „Ѓоги Наумов“ и од медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“  кои учествуваа по објавениот конкурс на тема: „Еднакви можности меѓу половите во современото општество“. Преку поезија, учениците ги искажаа своите ставови против насилството, желбите за еднаквост меѓу половите во современото живеење, проговорија против булингот во училиштата. Учениците покажаа зрелост и свест дека жените треба да имаат еднакви права за човечки, социјален, економски и културен развој, како и подеднакво право на глас во општествениот и политичкиот живот со мажите.  Еднакви можности младите творци ги гледаат во промовирањето на правата за еднакво учество на жените како и на мажите во сите области од јавниот живот, еднакви права за реализирање на нивните поединечни потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој.

Во песните учениците ја вложија својата креативност за поетско творење упоребувајќи  стилски фигури кои ги изучуваат во наставата по македонски јазик за да се постигне поголема емоционалност и сликовитост во поезијата.

More from КултураMore posts in Култура »