Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа над Струга го очекува дербито за титула со Вардар

Струга – Еурофарм Пелистер 22:31 (13:17)

Спортска сала „Нико Нестор“ – Струга. Гледачи: 300
Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола

Струга: Матовиќ, Маркоски 1, Јанкоски 2, Крстаноски, Пајковски, Ѓорѓиевски 5, Јанкуловски 2, Ферукоски, Стојаноски, Барјактаревиќ 5, Дукоски, Кастратовиќ 4, Стрезоски, Костоски, Цветаноски 2, Раткушиноски 1,

Еурофарм Пелистер: Секељи 1, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски 3, Костески 2, Кукоски 2, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 2, Обрадовиќ 4.

Еурофарм Пелистер во рамките на 14. коло од Супер ракометната лига во Струга ја победи истоимената екипа со 22:31, полувреме 13:17, без поголеми потешкотии, како сериозен тренинг пред клучниот натпревар оваа сезона, дербито против Вардар, в среда во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Почетокот на натпреварот беше израмнет резултатски, а така беше до средината на првото полувреме. Потоа  со добра одбра, и сугурен напад “пелистерци“ дојдоа до сигурни 13:17 со кој резултат се отиде на одмор.

Во вториот дел “пелистерци“ не дозволија Струга да се врати, а го задржа и водството, а со победата Еурофарм Пелистер продолжи со серијата победи.

Кај Еурофарм Пелистер најпрецизен беше Божиќ Павлетиќ со 5 постигнати гола и Мандалиниќ и Мараш со по четири гола. 

More from СпортMore posts in Спорт »