Еурофарм Пелистер – Металург 39:23 (16:10)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер им се врати на победите, а вечерба во рамките на 14. коло на Суперлигата го победија Металург кој во Битола дојде некомплетен, со резултат 39:23, полувреме 16:10.Првите петнаесеттина минути од натпреварот се играа израмнето и со многу грешки кај двете екипи, а во 13. мунита беше 5:5. Со концентрирана одбрана и ефикасен напад “пелистерци“ дојдоа до 11:6 во 19. минута, а по што вече беше одреден победникот. и Следеше нова серија на голови битолчани 16:10 на полувреме.
Во првите 5-6 минути од вториот дел домашните бекови ја зголемија предноста на +10, по што домашните ракометари рутински го приведоа натпреварот до крај за нова победа.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Петар Атанасијевиќ со осум и Цветаноски со седум гола.