Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хронична срцева слабост, за што вели:-Хронична срцева слабост претставува комлексен синдром на неспособност на срцето да се полни или испумпува доволна количина на крв кон другите органи потребна за метаболните процеси како последица на структурни промени или нарушувања на ритам на срцето.
Етиолошки долгогодишна нерегулирана хипертензија, повеќекратни миокардни инфаркти, миокардитиси, Ризик фактори кои ја влошуваат се анемија, инфекции, тиреотоксикоза, аритмии (АФ, ВТ).
Дијагнозата се поставув со ехокардиогеафија при што се утврдуваст структурнте промени и ежекционата фракција која е под 55%,објективен преглед, екг наод.
Лекувањето на хроничната срцева слабост е со АКЕ инхибитори, диуретици, бета блокатори и по потреба кај потешки случаи срцеви гликозиди.