Press "Enter" to skip to content

Промоција на книга и Божикен концерт во организација на МХД “Марко Марулиќ“ (фотогалерија + видео)

Вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ”, во соработка со Центарот за култура, Битола, организира Божиќен и предновогодишен концерт, кој ова хрватско друштво традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на клапското пеење во нашиот град.Како дел од настанот ќе биде и промоцијата на збирката на песни на писателот и академик Зоран Пејковски, преведена на хрватски, “Дах смртти“.-Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“ да организира Божикен и новогодишен концерт, а оваа година на наша покана на концертот настапија далматинската женска клапа “Виоле“ и женскиот вокален состав “Градац“, кои според аплаузот кој го добија по завршувањето на концертот ги исполнија очекувањата на публиката, рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко Марулиќ“, кој додаде дека во публиката имаше Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура, на сите им ги честита претстојните празници, а се заблагодари на оние кои сесрдно помагаат во организацијата на овие концерт.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, рече дека е љубител на клапското пеење и се радува дека се продолжува една традиција која Маретиќ ја воведе во Битола, а се присети и како тоа изгледаше во Католичката црква пред десетина години. На сите им ги честита претстојните празници и рече дека Битола и во иднина ќе биде центар на културата во Македонија.Академик Зоран Пејковски во своето обраќање се осврна на големото пријателсво на македонскиот и хрватскиот народ, секако со акцент на тоа како се практикувала хрватска култура во Битола долги години назад, и се забагодари за честа која ја има негово дело да биде објавено на хрватски јазик и да се промовира на еден ваков традиционален настан кој го организира Маретиќ.Потоа настапија далматинската женска клапа “Виоле“ и женскиот вокален состав “Градац“а целата програма е осмислена со цел на запознавање на публиката со значењето на клапската песна, хрватскиот јазик, далматинскиот дијалект, конобата, традицијата и слично. Клапското пеење е заштитено од Унеско, како нематеријално културно наследство.Клапата “Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор “Градац“ од истоименото место во близина на Макарска, преку изведбата на повеќе композиции  презентираат дел од хрватската традиција и култура во Битола. 

На репертоарот им е составен од класични композиции, духовни и световни од сите музички периоди, со посебен акцент на хрватската изворна музика и домашните композитори, односно далматинските народни и концертни песни како и обработките на песни на познатите хрватски композитори.Сите присутни во салата добија Божикни подароци кои од Хрватска ги донесоа гостите и сами ги подготвија, а по концертот во хотелот “Премиер – Центар“ се одржа и Божикната забава на ова Друштво, на кое беа размената подароци и договорени нови настапи, а гостите уште еднаш уживаа во прекраснатите изведби.

More from КултураMore posts in Култура »