Press "Enter" to skip to content

Стартуваше проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ и беше потпишан меморандум за соработка (фото)

Дебес, во Битола во хотел “Епинал“ свечено беше отворен проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, кој го импелементира “Про Локал“ од Битола, на чие чело се наоѓа Емилија Геровска, која денес ја имаше честа да ги позрдрави сите учесници и да го претстави проектот. роектот „Зајакнување на луѓето на Пелагонија“ / emPOWERing people of Pelagonija, кој има за цел да ги поттикне луѓето од Пелагонија да земат активно учество во јавниот живот обезбедувајќи добро владеење, одговорност на јавната администрација и почитување на човековите права, рече Геровска.Потоа зборуваше в. д. амбасадорот на Кралството Холандија, Роберт Декер кој рече:-Програмата МАТРА е програма наменета за социјална трансформација и токму од оваа програма е финансиран овој проект. Вие младите кои седите во задните редови на следната работилница ќе седите напред затоа што вие сте иднината и носителите на трансформацијата и промените. Вие младите заедно со нас кои сме во костуми во првите редови ќе треба да научиме заедно да работиме и да наоѓаме заеднички решенија. Младите луѓе се иднината, тие се идните лидери, идните носители на одлуки, но многумина од нив чувствуваат дека нивниот глас не е слушнат.Со овој проект младите треба да го вратат нивниот глас за да допре до оние кои во моментот ги носат одлуките, а затоа ќе се тренираат младите луѓе и Општините како да работат заедно со цел да имплементираат проекти од заедничко значење.Градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече:-Би сакал да истакнам дека наш приоритее е транспаретност  и вклученост на сите граѓани во развојните процеси. Убеден сум дека регионите во вратрешноста ќе ја добијат поддршката од донаторската заедница, преку трансфер на зваења и можеби најважното пренесување на принципите на доброто владеење посебно со вклученост на граѓаните. Секој од нас придонесува во развојот и развивањето на заедницата во која живееме и работиме, а тука се и младите кои имаат право како и другите да бидат промотори на развојот. Градоналалниците имаат обврска да ги вклучат граѓаните но носењето на политиктие, а со овој пр0ект се обидеме да ги зголемите процентот на вклученост во работата на општините.На стартот на проектот беа покрај Коњановску, градоначалнците на Општина Новаци, Могила, Крушево, Ресен, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани, а Стевче Стевановски од Општина Новаци рече:  -Со овој регионален проект низ практични чекори ќе се работи на унапредување на вредностите и принципите на демократијата на локално и регионално ниво и тоа со најважните целни групи во нашите општини, младите и граѓанскиот сектор. Проблемите со кои што се соочуваат младите во сите општини а особено во помалите рурални општини им се добро познати на сите. Миграција кон урбаните средини во земјата или во странство, недостапност на институционална инфраструктура, лимитирани можности за квалитетна социјализација, едукација и култура, негативни демографски трендови.Градоначалниците и Здружението за унапредување на демократските процеси “Про Локал потпишаа Меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во Пелагонискиот регион.Со овој Меморандум секоја локална самоуправа  потврдува дека ќе се залага за унапредување, поддршка и поттикнување на современите демократски процеси на локално и регионално ниво со посебен акцент на учество на граѓаните во креирањето на локалните политики.Секоја сабота, почнувајќи од оваа над 50 млади луѓе ќе бидат вклучени во обуките на проектот, а обуките нем да бидат преку стереотипни предавања, туку самите учесници кажуваат каков концеп за соработка треба да се изгради и како да се надгради.