Press "Enter" to skip to content

Хотел и ресторан “Капри“  во празнично руво за Божикните и Новогодишни празници (фотогалерија)

-Во хотел “Капри“ покрај предновогодишните забави кои се во тек со мени од 650 денари,  ќе има дочек на Нова година само со купување на влезница, гостите ќе имаат “ала карт“ мени, а ги објавија и цените за хотелските аражмани.Безброј сијалички кои се запалија, украси, декорации кои се поставија заедно со големата елка и прекрасно уреденото катче за фотографирање и правење селфи го најавуваат доаѓањето на претстојните Божикни и новогодишни празници  во комплексот хотел и ресторан “Капри“. Празничниот изглед  на целиот комплекс, хотел, ресторан, тераса придонесоа за прекрасна глетка кога се упатувате надвор од Битола кон  Пелистер.   Со својата локација, надвор од градот, но не далеку хотел “Капри“ ќе биде вистинско место за поминување на претпразнични и празнични моменти со семејствот, пријатели, колеги… Со ова и идеално место за предновогодишни забави. За новогодишната ноќ голем број изненадувања од хотел и ресторан “Капри“кои  најавуваат вкусна и празнично аранжирана храна, пијалоци дополнети со  музика за душа. Многу заеднички фотографии, селфи и други ќе го доловат празнично украсениот простор. Со тоа ќе останат меморирани раскажувајќи приказна за еден период на живеење со мерки и протоколи на заштита од ковид-19. Во хотел и ресторан “Капри“ се придржуват кон строго почитување на мерките на заштита од ковид за безбедност на гостите. 

Хотел и ресторан “Капри“ останува идеално место за да поминете моменти со драги личности на кафе, пијалок или ручек, свечена вечера… Исто така различни возрасти ќе најдат свое катче за забава и уживање. 

Хотел ресторан “Капри“ за новогодишните празници ќе има има музичка агенда за декември, а ги објави и цените за предновогодишно мени, хотелски аранжмани и за дочекот на Новата Година.