Press "Enter" to skip to content

Во Битола 21 нови позитивни на ковид-19, оздравени 25, активни 490 случаи

Во последните 24 часа се регистрирани нови 308 случаи на КОВИД-19, од направени вкупно 2.643 тестирања, информираше Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, а од новите случаи во Битола се 21.

Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од Битола се 25.

До сега во Битола има 8.958 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 490 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.