Press "Enter" to skip to content

Дојдете во “Вила Виста“ да уживаме во празниците и заедно да ја направиме новогодишната и божикната приказна (фотогалерија)

Ресторанот и пицерија “Вила Виста“ се наоѓа над Дихово, на патот кон Нижеполе на околу 15-тина минути од Битола.Со својата местоположба во подножјето на Баба планина “Вила Виста“ го има најдобриот поглед, кој  се протега од потпелистерието, преку Битола се до Кајмакчалан.Каминот во ресторанот е мотив повоќе тука да го испиете своето кафе или чај по враѓањето од блиските излетнички места на кои се ужива во снегот.Од терасата на ресторанот се простира  градот Битола со сета своја убавина. Карактеристично е што  погледот и глетката се  различно  убавии во зависност од тоа во кој дел од денот сте таму, или во зависност од временските прилики. Така беше кога се “забели“ околината на Битола, а убави се утрата кога Битола е мистично прекриена со магла…Овие денови најчесто се гледа Битола, а на дофат ви се и белите облаци. Поради променливото време има и сончеви периоди во кои останувате некое време на отворено да уживате во кафето. Сето надополнето со Новогодишна и Божикна атмосфера во “Вила Виста“.Со кафе, чај, какао, топло чоколадо може да ја почувствувате магијата на празниците кои се ближат, покрај каминот во новогодишно украсеното катче во “Вила Виста“.  Вредните домаќини во “Вила Виста“ посветиле и многу внимание на уредување на дворот, кој во секое време е среден и омилено катче на гостите каде поминуваат дел од времето кога се тука уживајќи во чистиот планински воздух, далеку од смогот во градот.На пушачите затворената тераса им овозможува со кафе да уживаат во глетката која состигнува до врвот Кајмакчалан. За сладокусците ресторанот “Вила Виста“ нуди најразлични вкусни јадења и специјалитети, на кои никој не може да остане рамнодушен, а веднаш потоа ќе посака да се врати тука, и повторно да го вкуси планинскиот воздух и храната.Ресторан и пицерија “Вила Виста“ работи по сите пропишани протолоколи за заштита, и нека биде вашиот избор на ресторан за празничните денови кои ни доаѓаат, за заедно да ја направиме Новогодишната и Божикна приказна.