Press "Enter" to skip to content

Пораз на одбојкарките на Пелистер Волеј на кој му “кумуваа“ и судиите (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Струмица Жени 1:3

(17:25; 14:25; 26:24; 22:25)

Одбојкарките на Пелистер Волеј се поразени во Битола во рамките на 13. коло од Државната лига на Македонија, во натпревар во кој вториот дел го одиграа одлично, а во тие моменти кога се “кршеше“ резултатот и натпреварот, по неколку одлуки на судиите по кои реагираа тренерите и капитенот , но и публиката во салата “Боро Чурлевски“ во Битола. За овој натпревар тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завршувањето рече:-Натпревар во кој, мораме да признаеме, првиот и вториот сет бевме бледи и непрепознатливи, а особено во вториот кој отиде во сенка апо повредата на средниот блокер Сандра Дамчева. Во третиот сет заигравме онака како што треба и во сите сегменти од играта бевме на едно далеку повисоко ниво, па во една драматична завршница го освоивме сетот со 26:24. И четвртиот сет започна во посакуван правец, продолживме еуфорично и предноста беше постојано на наша страна се до 20:18. Сепак на крајот поискусната екипа на Струмица Жени направи пресврт и успеа да го добие сетот со 25:22, кој за судиските, кои никогаш не ги коментира рече:-Ретко, а можеби во последно време никогаш, не ги коментираме студиските одлуки, но време е нивото на арбитрите да се издигни на многу повисоко ниво. Кога зборуваме за последниот натпревар во Битола, за одбележување е и спорниот момент при резултат 10:09 во четвртиот сет кога клупата на Пелистер Волеј сметаше дека има т.н. премин при една дистрибуција на топка во зона 4 и недозволено допирање на топка од противничката екипа, за што судиите не се согласуваа и дозволија поенот да помини. Кога играте вака тензичен сет, секако дека нема рамнодушно да се сложиме со секоја одлука, дотолку повеќе што и во минатиот натпревар имавме ситуација да се досуди аут кога топката сеуште не го допрела подот со образложение дека истата не се стига.Во нападот на Пелистер Волеј блескаше Ева Трпеновска со 19, а Ана Ивановиќ забележа 12 поени.Поените ги освоија Ева Трпеновска 19, Ана Ивановиќ 12, Ивана Белокозовска 6, Стефани Најдановска 6, Меланија Каралиоска 5, Сандра Дамчева 3, Михаела Цветановска 2 и Анастасија Ристевска 1.

More from СпортMore posts in Спорт »