Press "Enter" to skip to content

Во Битола 2 нови позитивни, оздравени 34, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 2.

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од Битола се 34.

Во Битола до сега има 8.960 лица кои биле или се позитивни на ковид-19 , а активни се 457 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, едно е од Битола  на возраст од 55 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.