Press "Enter" to skip to content

За “пола кош“ Пелистер поразен од Широки Бријег на стартот на третиот “балон“ на АБА2 во Сарајево

Широки Бријег – Пелистер 83:82

Во продолжението на АБА2 лигата во Сарајево, на стартот на третиот “балон“, во 5. коло, кошаркарите на Пелистер не успеаја да извојуваат победа против Широки Бријег и загубија минимално со 83-82. “Пелистерци“ можат да жалат за пропуштената победа.

На отворањето на натпреварот “пелистерци“ тргнаа одлично и направија двоцифрена разлика, а така беше во текот на целата прва четвртина. Босанците се вратија во втората четвртина  период. Пелистер сепак на одмор замина со +3 (40:43).

Во третата четвртина Широки го презеде водството и дојде до највисоко свое водство од седум поени. Со цврста игра во одбраната Пелистер се врати во игра. На крајот Пелистер имаше напад за победа, но Караџовски промаши. 

Кај Пелистер Малешевиќ постигна 27 поени, а Игор Кесар постигна 23 поени. 

Пелистер во следниот натпревар по два дена игра против Борац од Бања Лука.

More from СпортMore posts in Спорт »