Press "Enter" to skip to content

Најдобрите судии Начевски и Николов ќе го судат дербито Еурофарм Пелистер – Вардар

Како и се претпоставуваше нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје ќе го судат најголемо македонско ракометно дерби оваа сезона меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во среда во 18 часот.

Делегат на натпреварот ќе биде Душко Камишевски од Скопје, додека за контролор е назначен Камер Металари, исто така од Скопје.

Со оглед на тоа што вчера влезниците за ова ракометно дерби, кое можеби и ќе го реши шампионот во Супер лигата се очекува во Битола вистински ракометен празник. Битолчани по одличните резултати на меѓународен план, по последната убадлива победа во Битола над Спортинг имаат одлична атмосфера пред дербито, а од друга страна Вардар по промената на тренерот ќе ја бара шансата за добар резултат. Но, ова дерби се очекува да биде неизвесно до крајот на натпреварот.

Еурофарм Пелистер со победа ќе направи голем чекор напред кон титулата.

More from СпортMore posts in Спорт »